Top Sport

16. годишната руска тинејџерка го заврши настапот на Вимблдон

Чудото од дете, како што ја нарекуваат руската тенисерка Мира Андреева, не успеа да се пласира во четвртфиналето на Вимблдон.

16. годишен Андреева која во првите три рунди ги победи Ванг Ксија, 11. носителка светот Барбора Крејчикова и 23. на ВТА листата Анастасија Потапова, загуби од Медисон Кис.

Тинејџерката и покрај тоа ја надигра својата противничка, на крајот потклекна пред искуството на Кис.

18. носителка Кис победи во три сета со 3/6, 7/6, 6/2. Во следното коло ја очекува подобрата од дуелот меѓу Екатерина Александрова и Арина Сабаленка.

Пласман во четвртфиналето избори и бранителката на трофејот, Елена Рибакина. Казахстанката одигра само пет гема, поведе со 4:1 кога Бразилката Беатриз Хадад Маиа, поради повреда и го предаде мечот.

Scroll to Top