Top Sport

Калин Ивановски се пласира на главниот турнир во Јаши

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, се пласира на главниот турнир на Челенџер 100 турнирот во романскиот град Јаши. Тој го победи домашниот тенисер Дан Томеску во два сета (7:6, 7:6).

Беше неизвесен меч, а Калин Ивановски двапати ги доби сетовите во тај-брејк.

Првиот сет го комплетираше по жестока борба и 11-9 на поени, а во вториот исто така беше многу тесно. Македонскиот тенисер славеше со 7-5 на поени.

Scroll to Top