Швајцарската тениска легенда, Роџер Федерер е „внимателен оптимист“ околу можноста да биде подготвен да настапи на Австралија опен во јануари, откако во јули беше на втора операција на коленото и го пропушти остатокот од сезоната.
39-годишниот Федерер отсуствуваше од САД опен, каде што Доминик Тим ја освои првата гренд слем титула и од Ролан Гарос, каде што неговиот вечен ривал Рафаел Надал го израмни неговиот рекорд со 20 гренд слем титули.
„На добар пат сум. Не сакам да си поставувам притисок и чекам да дојде вистинското време. Ќе играм само ако сум 100 отсто подготвен. Во моментов изгледа дека ќе бидам во Австралија. Сега, работам само два часа со рекет, но работам на физичката сила без болки“, вели Федерер во интервју за „Швајцер илустрите“.