Top Sport

Ѓоковиќ оди по нов рекорд, ќе игра во Индијан Велс

Новак Ѓоковиќ ќе игра на Мастерсот во Индијан Велс. Србинот, пред две недели не успеа да победи на Ју-ес опен и тогаш изјави дека нема никакво план до крајот на годината.

Потврдата дека Ѓоковиќ ќе настапи во Индијан Велс е важна и во борбата за првото место на АТП листата. Доколку, Данил Медведев, не настапи во Виена или Снакт Петербург, тогаш на Ѓоковиќ ќе му бидат потребни 500 поени за да го обезбеди првото место на крајот од годината.

Ѓоковиќ во Индијан Велс ќе се обиде да ја освои рекордната шеста титула, а доколку успее да го обезбеди првото место на крајот од годината, тогаш ќе влезе во историјата како единствнениот играч кој годината седум пати ја завршувал како број 1.

Овој рекорд тој сега го дели со Пит Сампрас.

Scroll to Top