Top Sport

71.издание на турнејата Четири скокалници

Денес, во Оберстдорф започнува новото, 71.издание на традиционалната новогодишна турнеча Четири скокалници.
Турнејата трае десет дена, а покрај во Оберстдорф, најдобрите ски-скокачи ќе се натпреваруваат во Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен.

Победата на новогодишната турнеја е престиж за најдобрите во овој спорт, неретко вљубениците во овој спорт повеќе зброуваат за победникот на турнејата отколку за олимпискиот шампион или победникот во Светскиот куп.

Низ историјата тројца успеале да победат на сите четири скокалници, Германецот Свен Ханевалд, кој ги освои скокалниците во јубилејното 50.издание во сезоната 2001/2002, 16 години подоцна четири победи забележа Полјакот Камил Стох, а наредната година успехот го повтори Јапонецот Рјоју Кобајаши.

Рекордер на турнејата е Јане Ахонен од Финска со пет победи, една помалку има легендарниот Германец Јенс Вајслог. Најголемата разлика во вкупниот пласман помеѓу првиот и вториот ја има остварено Адам Малиш од Полска, 104,4 поени во однос на Ахонен.

Финецот Ахонен е единствениот кој ја освоил турнејата без победа, тоа му успеа пред 24 години.

Титулата ќе ја брани Рјоју Кобајаши, кој оваа сезона е фаворит од сенка, заедно со Халвор Егнер Гранеруд, Пјотр Зила, Карл Гајгер и Роберт Јохансон.

Според сите прогнози за трофејот треба да се борат Камил Стох, Анже ланишек и Штефан Крафт.

Распоред на турнеја:

Оберстдорф
28.декември, 16:30 часот квалификации
29.декември, 16:30 скокови

Гармиш-Партенкирхен
31.декември, 14:00 часот квалификации
1.јануари, 14 часот скокови

Инсбрук
2.јануари, 13:30 часот квалификации
3.јануари, 13:30 скокови

Бишофсхофен
5.јануари, 16:30 часот квалификации
6.јануари, 16:30 скокови

Scroll to Top