Top Sport

Адамс не стигна до златото, но влезе во историјата

Новозеланѓанката Валери Адамс стана првата жена која освоила медали на четири Олимпијади во една атлетска дисциплина, откако стигна до бронзата во фрлањето ѓуле.

36-годишната ветеранка беше олимписка шампионка во 2008 и 2012, а во 2016 година освои сребро и немаше сили за злато, кое отиде кај кинеската шампионка Гонг Лиџијао, додека среброто го освои Американката Рејвен Саундерс.

Бронзата е уште поимпресивна бидејќи доаѓа две години по раѓањето на нејзиниот прв син во 2019 година.

„Сакам да бидам инспирација за спортистките низ целиот свет. Ако сакате да имате дете и да се вратите на врвот, можете да го направите тоа“, изјави Адамс.

Scroll to Top