Top Sport

„Ако отиде на операција, Надал веќе нема да може да трча“

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е пред голем предизвик во кариерата затоа што повторно ескалираше проблемот со „Милер-Вајсов“ синдром кој го мачи веќе 16 години.

Шпанецот поради тоа предвреме ја завршува оваа сезона и нема да го видиме на терените до крајот на 2021-ва.
Францускиот ортопед Жилбер Верси објаснува со што се соочува Надал во овие моменти.

„Оваа болест е вродена, ги погодува луѓето кои имаат проблеми со стапалата. Коската умира затоа што крвта не цирккулира низ неа. Ова е проблем кој најчесто се сретнува кај жени во педесетите години, но се појавува и кај младите“ вели доктор Верси.

Французинот смета дека операција не е решение за проблемот на Надал.

„Можно е да се оперира, но тоа е опција само за потешките случаи, кога не може да се оди и кога болките се ектремни. За среќа, Надал до тоа се уште не е дојден. Ако се одлучи на операција, по тоа не би можел да трча, туку само да оди. Другите хируршки опции исто така не се компатибилни со занимавањето со спорт“ вели докторот.

Scroll to Top