Французинот Жулиен Алафилип ја одбрани својата титула од Ла Флеш Валон со одличен напад на искачувањето Мур де Хуј за да го совлада Данецот Јакоб Фуглсанг во пролетната велосипедска класика.
Алафилип (Квик Степ) имаше фантастичен напад во последните стотина метри за да го остави Фуглсанг (Астана), инаку негов редовен партнер на тренинзите, зад него во должина од помалку од еден велосипед. Двајцата претходно се одвоија од главната група пред искачувањето. Италијанецот Диего Улиси (УАЕ Тим Емирати) беше шест секунди зад нив на третото место пред Белгиецот Бјорн Ламбрехт (Лото Судал) и Германецот Макс Шахман (Бора-Хансгрое).
И покрај тоа што беше во главната група пред искачувањето, немаше историска шеста победа (ниту топ 10 пласман) за шпанскиот ветеран Алехандро Валверде во 83. издание на трката во Валонија.
За Алафилип ова е продолжување на фантастичната пролет во која победи на Милан-Санремо и Страд Бјанке.
„Оваа трка е нешто посебно за мене и секоја година пристапувам со стравопочит пред стартот. Оваа година победив доста, но оваа победа е најдобрата“, вели 26-годишниот Алафилип, кој пред ланската победа имаше две втори места зад Валверде.
Nothing to do against him on Mur de Huy…Julian Alaphilippe wins his 2nd Fleche Wallonne. ?In the shape of his life, Fuglsang was a hard nut to crack though, Astana is still flying close to Deceuninck. 25-22…
(? by @mundociclistico ) #FlecheWallonne pic.twitter.com/E4ftEnDx5B— Mihai Cazacu (@faustocoppi60) April 24, 2019