Бенџамин Александер е првиот скијач од Јамајка со учество на Зимските олимписки игри. Тој настапи во велеслалом, на крајот заврши на 46.место.
Трките во велеслалом се одржаа во исклучително тешки временски услови, поради што голем број од натпреварувачите останаа без пласман.
По првата трка, Александер беше 54., на крајот го освои 46.место.
„Ова беше неверојатно тешко. Ова беше за сите оние кои говореа дека не ми е местото тука“, рекол 38-годишниот Александер.
Скијачот од Јамајка, од новиот олимписки шампион, Марк Одермарт, имаше послаб резултат за девет секунди и 17 стотинки.
„Многу сум уморен. Сакам масажа и пиво. Ова е најтешката работа што сум ја направил некогаш. Сакав да ја завршам трката. Некои од најдобрите во светот не завршија, а јас сум пред нив. Знаете јас првата трка ја возев пред две години, секако дека не е возможно да се натпреварувам со луѓе кои ова го прават 20 години, не се обидов да го направам тоа. Сакав само да ги завршам трките“, заклучил Александер.