Големи промени се случија на АТП листата по завршувањето на Мастерсот во Рим. Титулата во Рим ја освои Данил Медведев, во финалрто тој го победи Холгер Руне со 7:5, 7:5.
Новак Ѓоковиќ во Рим дојде како број 1, но не успеа да ја одбрани позицијата. По 387 недели, на денот кога го слави 36.роденден, српскиот тенисер е број 3 на АТП листата.
Пред него се Карлос Алкараз и Данил Медведев. Алкараз има 6.815 поени, Медведев 6.330. Овие двајца ќе бидат први носители на Роланд Гарос кој ќе започне на 28 мај.
Каспер Руд остана четврти и има 4.915 бодови, додека Стефанос Циципас е петти со 4.775.
Скок во Топ 10 направи Данецот, Холгер Руне, финалист на Мастерсот во Рим.
Тој од седмото скокна на шестото место, што е најдобра позиција во неговата кариера.
Андреј Рубљев падна на седмото место со 4.270 бодови, додека позициите од осмо до десетто ги задржаа Јаник Синер, Тејлор Фриц и Феликс Оже-Алијасим.
Калин Ивановски, на најновата раг листа скокна 44 места и сега се наоѓа на 415 место во светот.