Top Sport

Алкараз не можеше да се спрви со сервисот на Зверев – Германецот со победа го започна Завршниот мастерс

Александар Зверев со победа над Карлос Алкараз стартуваше на Завршниот мастерс во Торино. Германецот со перфектен сервис победи во три сета и само ја продлабочи кризата во која за неоѓа младиот Шпанец.

Првиот меч во „Црвентата група“ траеше речиси два и пол часа, Зверев победи со 6/7, 6/3, 6/4.

Првиот сет му припадна на Алкараз во тај-брејот, откако успеа да се врати по водството на Зверев од 3:1.

Откако го загуби првиот сет, Германецот го подигна нивото на својата игра во раната фаза на вториот сет направи брејк, а потоа беше надмоќен во своите сервис гемови. По исто сценарио се одвиваше и третиот сет.

Во вториот меч од оваа група, вечерва од 21 часот ќе играат Данил Медведев и Андреј Рубљов.

Scroll to Top