Top Sport

Хет-трик на телохранителот на Меси – Запре тројца навивачи на еден натпревар

Лионел Меси во победата на Интер Мајами од 3:2 на гостувањето против Спортинг Канзас Сити асистираше за првиот и го постигна вториот гол.

Сепак, се чини дека неговиот телохранител Јасин Чеуко имаше повеќе работа на теренот од славниот фудбалер. Тој три пати реагираше кога фанови влегуваа на теренот за да се фотографираат со својот идол.

Во текот на судиското надополнување, Чеуко забележа дека некој трча кон Меси од другата страна на теренот и тргна кон него во полн спринт. Навивачот прв стигна до Аргентинецот и го прегрна, пред телохранителот да го фати натрапникот.

Во претходниот дел од натпреварот, уште две момчиња истрчаа на тревникот на стадионот во Канзас Сити, каде се собраа дури 72.610 луѓе, а едното од нив беше толку брзо што Меси го прегрна пред обезбедувањето да го однесе.

Scroll to Top