Top Sport

Алкараз се пласира во третото коло на УС Опен, Медведев загуби еден сет

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во третото коло на УС Опен. Сепак, тој доби силен отпор од Лојд Херис од Јужноафриканската република, иако го доби мечот во три сета, со 6:3, 6:1, 7:6.

Алкараз лесно ги комплетираше првите два сета, но во третиот мораше да игра тај-брејк против 177. играч во светот.

Во следната рунда се пласираше и Данил Медведев кој во четири сета го совлада Австралиецот Кристофер О’Конел со 6:2, 6:2, 6:7, 6:2. Тој го загуби третиот сет во тај-брејк, но во останатите беше доминантен.

Scroll to Top