Top Sport

Американките првпат во историја со одбојкарско злато

Женската одбојкарска репрезентација на САД го освои златниот медал првпат во историјата, откако во едностраното финале со 25:21, 25:20, 25:14 доминираа над Бразилките.

Американките доминираа на олимпискиот турнир, на кој не загубија ниту еден сет, победувајќи ги Доминиканската Република во четврт-финалето и Србија во полуфиналето. До бронзениот медал стигна Србија со 3:0 победа над Јужна Кореја.

САД го освои и златото во женска кошарка, откако со 90:75 го декласираа домаќинот Јапонија за седмо последователно злато на Олимписките игри. Дијана Туараси и Сју Брд влегоа во историјата со неверојатно петто злато, а Дон Стејли стана единствената кошаркарка која освоила злато како играч и како тренер.

Scroll to Top