Ана Курникова, првата вистинска руска тениска ѕвезда, во 1990-тите беше вистинска атракција на тениските терени низ целиот свет, секако поради својот физички изглед покрај квалитетите како тенисерка.
Курникова, која има 38 години и одамна не игра тенис, преку Инстаграм се пофали со фото-сесија за руската верзија на магазинот „Космополитен“, и воопшто не изгубила од убавината и покрај тоа што во декември 2017 година роди близнаци по долгогодишната врска и брак со пејачот Енрике Иглесиас.
Курникова како тенисерка успеа да дојде до осмото место на ВТА листата, иако титулите и избегаа откако сензационално стигна до полуфиналето на Вимблдон како 16-годишна девојка во 1997 година. Но, во двојки таа освои две гренд слем титули во партнерство со Швајцарката Мартина Хингис.