Јужноафриканецот Кевин Андерсон е првиот финалист во Вимблдон, откако во епско полу-финале, по шест часа и 41 минута во пет сета го победи Американецот Џон Изнер. Последниот сет траеше два часа и 55 минути, а Андерсон го доби со 26:24.
Андерсон и Изнер го одиграа третиот најдолг меч во историјата на Вимблдон, а ќе бидат запишани во историјата бидејќи ова е најдолгиот полу-финалето меч во „Олд Ингланд клубот“.
Очекувано кога се работи за двајца играчи чие најсилно оружје е сервисот, првите три сета беа решени во тај-брејкот.
Во првите два сета имаше неколку можности за брејк на двете страни, меѓутоа Андерсон и Изнер ги чуваа своите сервис гемови.
Третиот сет го донесе првиот брејк него го нарави Андерсон во осмиот гем, а кога во наредниот сервираше за 2:1 во сетови, Изнер возврати со ри-брејк. Во тај-брејкот, во третиот сет, Андрерсон имаше сет топка, не ја искористи, а Изнер со 9:11 го освои сетот и поведе со 2:1.
Четвртиот сет во целост му припадна на Андерсон, кој два пати го освои сервисот на противникот, израмни на 2:2 и го однесе мечот во петти сет, каде според традицијата во Вимблдон се игра на разлика.
Решавачкиот сет понуди епска борба, а единствениот брејк беше направен во 49.гем. Андерсон направи брејк, а потоа во 50. ја заклучи приказната за првото полу-финале.