Поранешната освојувачка на УС опен, Американката Слоан Стивенс, е елиминирана во првото коло на турнирот во Стразбур. Сензацијата ја направи босанската тенисерка Нефисa Берберовиќ.
Tаа го одигра најдобриот меч во кариерата и со пресврт ја елиминираше познатата Американка со 2:1 во сетови (2:6, 6:4 и 6:1).
Босанската тенисерка испадна во квалификациите, но доби втора шанса како „среќна губитничка“ и налета на Слоун Стивенс. Сите мислеа дека тоа ќе биде лесна задача за американската тенисерка, но на крајот се случи сензација.