Американецот Френсис Тијафо го направи првото големо изненадување на Австралија опен. Тијафо во второто коло го елиминира петтиот носител на турнирот Кевин Андерсон од Јужна Африка.
Тијафо одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата и успеа да слави со пресврт во четири сета 6/6, 6/4, 6/4, 7/5.
Американецот одигра добар меч, а максимално ја искористи повредата на Јужноафриканецот, која го оневозможи да сервира со максимален интензитет.
Андерсон имаше проблем со подлактицата на десната рака.
Тијафо го оствари најдобриот свој резултат во Мелбурн, а во третата рунда ќе игра против Андреас Сепи кој беше подобар од Џордан Томпсон.
Многу труд за победа во четири сета вложи седмиот носител Марин Чилиќ од Хрватска. Чилиќ го победи Мекензи Мекдоналд од САд со 7/5, 6/7, 6/4, 6/4.
Добрата форма, во која се наоѓа од почетокот на годината ја потврди Чехот Томаш Бердих. Тој во три сета, 6/1, 6/3, 6/3 го победи Робин Хасе.
Бердих во третото коло ќе игра против Диего Шварцман. Аргентинецот во втората рунда го победи Денис Кудла во маратонски меч со 3:2 (6/4, 7/5, 3/6, 6/7, 6/4).
Второто коло го мина и Роџер Федерер. Иако победи со максимален резултат Швајцарецот имаше проблеми против расположениот Даниел Еванс. Федерер првите два сета ги доби во тај-брејк, а во третиот славеше 6/3.
Во интересен меч Стефанос Циципас успеа да го победи Виктор Троицки со 6/3, 2/6, 6/2, 7/5. Троицки во овој меч спаси 15 брејк топки, но не успеа да го добие Циципас.