Втората и петтата носителка Каролин Вознијацки и Слоун Стивенс, лесно ја минаа втората рунда на Австралија опен, која донесе елиминација на деветтата и 20. носителка Кики Бертенс и Анет Контевеит.
Вознијацки за само 67 минути игра успеа да ја победи со 2.0 (6/1, 6/3) Швеѓанката Јохана Ларсон. Третата рунда може да донесе вистинско дерби на женскиот дел од турнирот, бидејќи можен е дуел на Вознијацки и Шарапова доколку Русинката ја мине Ребека Петерсон.
Американката Стивенс за 90 минути игра ја совлада Унгарката Тимеа Бабош со 6/3, 6/1. Интересно иако во првиот сет беа одиграни само девет гема тој траеше 83 минути.
Стивенс во наредната фаза за противника ќе ја има Петра Мартиќ. Хрватката, која е 31.носителка во Мелбурн, ја победи Маркета Вондруѓова с 6/4, 7/5.
Кики Бертенс доживеа непријатно изненадување и го заврши настапот во второто коло. Подобра од Бертенс со 3/6, 6/3, 6/3 беше Анастасија Пављученкова.
Елиминација од носителките доживеа и Анет Контеваеит. Таа е поразена во два сета, 6/3, 6/3, до Алијаксандара Саснович од Белорусија.
Тежок пораз, бидејќи доаѓа од 230. тенисерка на ВТА листата претрпе Дона Векиќ од Хрватска. Векиќ загуби од домашната тенисерка Кимберли Берел со 4/6, 6/6, 1/6.