УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов добил неверојатна понуда за две борби бо Саудиска Арабија.
Арапските милијардери му понудиле на Нурмагомедов 200 милиони долари за борби со Конор Мекгрегор и Флојд Мејвејдер.
Оваа информација ја потврдил менаџерот на Дагестанецот, Али Абделазиз, кој бил на преговори во Саудиска Арабија.
За потсетување, таткото на Нурмагомедов, пред десет дена изјави дека реванш со Мекгрегор може да има само доколку на неговиот сим му бидат платени 100 милиони долари.
Саудијците се согласиле на оваа понуда, со услов борбата да се одржи во Ријад.
По евентуалниот меч со Ирецот, Нурмагомедов би требало да се бори со непоразениот боксерски шампион Мејвејдер. Една рунда би била според парвилата на ММА, а 11 според правилата на боксот.