Top Sport

Аревало и Рохер драматично до круната од Ролан Гарос

Марсело Аревало и Жан-Жулиен Рохер ја освоија својата прва заедничка гренд слем титула, откако се вратија за 6:7(4)/7:6(5)/6:3 победа над Иван Додиг и Остин Крајичек во финалето на Ролан Гарос.

Во тесен меч на „Филип Шартие“, Аревало и Рохер спасија две меч-топки на сервис на 5:6 во вториот сет, пред да бидат убедливи во последниот сет за победа по 3 часа и 3 минути. За Аревало од Ел Салвадор и Рохер од Холандија ова е трета титуа оваа сезона по трофеите во Далас и Делреј Бич.

40-годишниот Рохер, пак, сега е најстариот гренд слем шампион во машки двојки во Опен ерата и негова трета грен слем титула, откако триумфираше со Хорија Текау на Вимблдон во 2015 и на САД опен во 2017. 31-годишниот Аревало, пак, е првиот грен слем шампион од централна Америка.

Scroll to Top