Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) и нејзините постојани и придружни членки: Спорт Лајф, Моцарт, Златна Копачка, Евротип, Марбет и Банана Кик, изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и што поскоро закрепнување на повредените во автобуската несреќа која се случи на патниот правец Скопје – Тетово.
„Трагедијата е огромна, болката е заедничка, човечките животи незаменливи. Тагата и болката не познаваат граници, ниту нација, ниту вера. Тагата е заедничка и сите заедно сплотени чувствуваме морална обврска да се обидеме да им помогнеме на нашите сограѓани“, се вели во соопштението на АСОМ.
Членовите на АСОМ итно и едногласно донеле одлука за донирање на средства во висина од 1.200.000 денари како помош за семејствата на настраданите во оваа голема трагедија.