Норвежанецот Карстен Вархолм постави нов светски рекорд на 300 метри со пречки при рестартирањето на светската атлетика по корона вирусот со „Невозможните игри“ во Осло.
24-годишниот Вархолм успеа да истрча 33.78, соборувајќи го рекордот на Британецот Крис Раулинсон во 2002 за 0.7 секунди.
Пред трибини исполнети со „картонски луѓе“ и танчарки кои се придружуваа на социјалното дистанцирање, егзибицискиот митинг во норвешката престолнина беше дел од Дијамантската лига со необични далечини и необични случки.
Full race video of Karsten Warholm’s fastest 300m hurdles in history at the Impossible Games in Oslo. pic.twitter.com/cdoO1SOKHA
— Nick Zaccardi (@nzaccardi) June 11, 2020
Филип Ингебригтсен постави норвешки рекорд на 1.000 метри со време од 2:16:48, по што своите двајца браќа Јакоб и Хенрик се натпреваруваше во тимската трка со пет члена на 2.000 метри против кенискиот тим кој трчаше во исто време во Најроби, за да остварат победа.
Шведскиот скокач Арманд Дуплантис беше присутен на арената заедно со мал контигент сонародници, скокна 5.86 метри, за победа пред Французинот Рену Лавилени, кој скокаше во градината во својот дом во Франција.
Најинтересниот финиш беше во женската трка на 300 метри со пречки, во кој Данката Сара Слот Петерсен ја победи Норвежанката Амали Јуел за само два илјадити делови од секундата.
Следниот митинг е „Игрите на инспирација“ на 9 јули во Цирих, каде што ќе се направи малку поамбициозен обид за атлетски митинг – 30 спортисти ќе се натпреваруваат во осум дисциплини на седум стадиони.
The #ImpossibleGames has proven to be a an IMPOSSIBLE mission for Team Cheruiyot ??. 4000 miles apart, 2 different stadiums, ONE competition. Is this what future holds for TRACK & FIELD competitions? pic.twitter.com/oh1fwIRW2r
— GREAT RIFT ATHLETICS (@greatRIFTsports) June 11, 2020