Top Sport

Имињата на играчите во Премиер лигата ќе бидат заменети со „Black Lives Matter“

Имињата на премиерлигашките ѕвезди нема да бидат на дресовите за првото коло по корона кризата, туку на тоа место ќе стои пораката „Black Lives Matter“, јавуваат англиските медиуми.

20-те премиерлигашки клубови се согласиле да додадат беџ со „Black Lives Matter“, како и лого на НХС, британскиот здравствен систем, на дресовите до крајот на сезоната, било одлучено на состанокот на акционерите на Премиер лигата.

Премиер лигата се враќа на 17 јуни откако сите клубови го одобрија протоколот за мечевите, со дуелите Астон вила-Шефилд јунајтед и Манчестер сити-Арсенал.

Ова беше 12. виртуелен состанок на шефовите на Премиер лигата по стопирањето на мечевите во март, на кој исто така се утврди дека било која активност за поддршка на протестите кои се одвиваат во САД и низ целиот свет, ќе биде утврдена во консултации со играчите.

Scroll to Top