Карлос Алкарас официјално се врати на првото место на АТП листата.
Пред почетокот на АТП турнирот во Рим, каде титулата ја брани Новак Ѓоковиќ, Алкараз имаше само пет поени помалку од српскиот тенисер.
Доволно беше шпанскиот тенисер да се појави во Рим и со тоа да го престигне Ѓоковиќ, а Алкараз го направи токму тоа со триумфот во првото коло.
Карлос Алкараз сега има 6.815 поени, што е за 45 повеќе од минатата недела, а Новак Ѓоковиќ има 5.865 или 910 помалк од минатата недела.
АТП листа,м Топ 10:
1. Карлос Алкараз
2. Новак Ѓоковиќ
3. Даниил Медведев
4. Каспер Руд
5. Стефанос Циципас
6. Андреј Рубљев
7. Холгер Руне
8. Јаник Синер
9. Тејлор Фриц
10. Феликс Оже Алијасим
Најдобро рангиран македонски тенисер е Калин Ивановски. 18. годишникот, викендов ја освои титулата во дубл во Куршумлиска Бања и играше финале во сингл на ИТФ фјучерс турнирот. Ивановски, направи скок од 46 позиции и на најновата АТП листат се наоѓа на 413. место.