Австралија и ја поништи визата на тенисерката од Чешка, Рената Ворачова. За разлика од Новак Ѓоковиќ, на кого граничната полиција не му дозволи да влезе во земјата, Ворачова во Мелбурн играше на подготвителен турнир.
Граничната полиција и ја укинала визата и ја сместиле во истиот хотел во кој се наоѓа Ѓоковиќ. Нема информации дали, Ворачова ќе се жали на оваа одлука.
„АБЦ“, пренесува дека Ворачова добила медицински исклучок. Таа пред минатиот месец била позитивна на коронавирусот. Чешката тенисерка не е вакцинирана.
Нема информации зошто властите сакаат да ја депортираат, бидејќи таа влегла во Австралија и настапила на турнир.