Top Sport

Австралија повторно му ја укина визата на Ѓоковиќ

По повеќе дена неизвесност и одложување на одлуката, министерот за имиграција во Владата на Австралижја, Алекс Хок, ја поништи одлуката на Федералниот суд и повторно му ја одзеде визата на Новак Ѓоковиќ.

Оваа одлука под голем знак прашалник го става настапот на Ѓоковиќ на Австралија опен. Турнирот започнува во понеделник, тој одбраната на титулата треба да ја почне против сонардоникот Миомир Кецмановиќ.

„Го искористив овластувањето кои го имам според законот за имиграција, да ја поништам визата која ја доби Новак Ѓоковиќ. Поради јавното здравје и во јавниот интерес ја донесов одлуката. Пред да ја донесам одлуката внимателно ги разгледав сите информации кои ги добив од министерството за внатрешни работи и граничната служба. Владата на Морис, цврсто е посветена на за заштитата на границите, особено во период на пандемија“, ја образложил министерот својата одлука.

Адвокатите на Новак Ѓоковиќ подготвуваат жалба на оваа одлука. Доколку таа биде одбиена, тој ќе мора да ја напушти Австралија.

Scroll to Top