Top Sport

Барселона ќе испрати понуда за Хосе Гаја

Браселона се подготвува да реализира уште еден голем трансфер. Клубот кој должи преку 1.000.000.000 евра, ќе испрати понуда до Валенсија за левиот бек, Хосе Гаја.

Новинарот Феран Коралес ја објави веста дека целта на клубот е да ја засили конкуренцијата на левата бековска позиција. Гаја треба да биде наследникот на Џорди Алба.

Цената на Гаја изнесува 40.000.000 евра.

Гаја има 26 години, тој целата кариера од 2012 година го носи дресот на клубот од „Местаља“. За Валенсија има одиграно 222 натпревари.

Барселона во зимскиот преоден рок го донесе Феран Торес од Манчестер сити за 55.000.000 евра.

Scroll to Top