„Дејли мејл“ тврди дека талентираната млада австралиска тенисерка, 19-годишната Анџелина Граовац почнала да продава соддржини за возрасни на „OnlyFans“ платформата во обид да ја финансира својата спортска кариера, која оваа година доживеа финансиски удар поради пандемијата на КОВИД-19.
Пандемијата драстично ги намали наградните фондови на тениските турнири, а многу од нив беа откажани, така што многу тенисери и тенисерки мораат да најдат дополнителни приходи.
Граовац, која дебитираше како професионална тенисерка како 17-годишна девојка во 2018 година, има само 8 победи во 36 меча во сингл и заработувачка од само 3.500 долари во овие две години, и бидејќи нема формирано ВТА рејтинг, не може да добива вајлд-карти за настап на ВТА турнирите.
Граовац не е првата спортистка која се решила на ваков начин да заработува. Рене Граси, првата жена возач во австралиската Суперкар серија, неодамна призна дека продава соддржини за возрасни онлајн, тврдејќи дека заработува 25.000 долари неделно.
Промена на кариерата – од тркач стана порно-ѕвезда (галерија)