Полјакот Анджеј Баргиел стана првиот човек во историјата кој успеал со скии да се спушти од втората највисока планина на светот, К2.
30-годишниот Полјак во неделата, прво се искачи на К2, по што со скии стигна до базниот камп. Планината од 8.611 метри е втора највисока на светот по Монт Еверест и според многумина најтешка за искачување.
„Пресреќен сум што успеав да стигнам до базниот камп безбедно. Почнав да се искачувам во 4 часот наутро во неделата, а имав мали проблеми кога стигнав на врвот и почнав да скијам надолу, бидејќи имаше многу облаци. Ова ми е втор обид да го направам ова“, вели Баргиел.