Ешли Барти првпат во кариерата ќе игра во полуфиналето на Вимблдон, откако светската тенисерка број 1 во австралиската битка со 6:1/6:3 ја „здроби“ сонародничката Ајла Томљановиќ и постави полуфинале против шампионката од 2018 година, Германката Анџелике Кербер.
Барти беше доминантна против Томљановиќ, завршувајќи го мечот за само 66 минути, и сега следна е Кербер, која претходно со 6:2/6:3 беше подобра од Каролина Мучова.
„Ајла е секогаш опасен противник, а бидејќи сме партнерки во Фед купот, знае точно кои се моите слабости. Ова е остварување на сон за мене, бидејќи секогаш сум сакала да играм на Вимблдон. Кербер ќе биде вистински тест за мене, бидејќи веќе била шампионка и се надевам дека ќе си дадам шанса за победа“, вели Австралијката.