Top Sport

Шокантен напад со киселина на напаѓачот на Лориен, Јоанe Виса

Репрезентативецот на ДР Конго и Лориен, Јоанe Виса бил жрвта на неверојатно шокантен напад со киселина во неговиот дом кога една жена се обидела да го киднапира неговото новороденче.

Страшниот инцидент се случил минатиот четврток навечер, и напаѓачот Виса добил сериозни изгореници на очите, по кои е несигурно дали ќе може да ја продолжи кариерата. Жената наводно побарал автограм за нејзиниот син, и тој и го исполнил барањето, по што таа се вратила во неовиот дом на полноќ и го нападнала него.

Според „Л’Екип“, жената, која била уапсена во саботата, само ден подоцна се обидела да киднапира уште едно бебе, кога се претставила како социјален работник на еден африкански пар и успеала да избега со бебето, кое за среќа подоцна било пронајдено безбедно. Информациите на францускиот весник тврдат дека жената била психички нестабилна, откако неодамна имала спонтан абортус.

Виса постигна 11 гола во 38 настапи за Лориен минатата сезона.

Scroll to Top