Австралиската осма носителка, Ешли Барти стигна до своето прво гренд слем полуфинале, откако ја надигра Американката Медисон Киз со 6:3/7:5 за да обезбеди дуел со американското изненадување Аманда Анисимова, која претходно ја елиминираше шампионката Симона Халеп.
Во четврт-финалниот меч кој беше одложен во средата поради дождот, Барти имаше далеку поразновидна игра од полуфиналистката од 2018, Киз, која правеше грешки во клучните моменти. 23-годишната Барти го направи клучниот брејк во првиот сет на 4:3, а потоа повторно го доби одлучувачкиот брејк на 3:3 во вториот сет. Сепак, таа се мачеше да ја комплетира победата – сервираше за мечот на 5:4, и предаде брејк со двојна сервис грешка, пред Киз да го загуби следниот сервис.
„Анисимова игра фантастичен тенис, бидејќи за да се стигне до полуфинале мора да правиш нешто исправно. За двете ова е голема шанса“, вели Барти.
Во второто женско полуфинале играат британската 26. носителка, Џоана Конта и чешката тинејџерка Маркета Вондроушова.