Top Sport

Басилашвили и Нори ќе се борат за трофејот во Индијан Велс

Николос Башилашвили и Камерон Нори ќе се боратз а титулата на мастерсот во Индијан Велс. Во полу-финалните мечеви тие ги елиминираа Тејлор Фриц, односно Григор Димитров.

Басилашвили го победи Фриц со 7/6, 6/3, додека Нори славеше над Димитров убедливо со 6/2, 6/4.

Реализацијата на брејк шансите го реши победникот во мечот помеѓу Басилашвили и Фриц. Грузиецот, во првиот сет, спаси три сет топки при резултат 5:4 и 6:5, за да го доби неизвесниот тај-брејк со 7:5.

Во вториот сет Фриц не искористи уште четири брејк топки, Басилашвили ја реализираше втората во шестиот гем, кога го направи клучниот брејк за конечен триумф.

Британецот Нори немаше проблеми со Димитров. Доминираше во играта од првиот до последниот поен, за на крајот да го оствари најголемиот успех во кариерата.

Scroll to Top