Роберто Баутиста Агут, заедно со светскиот рекет број 1, Рафаел Надал во неделата ја донесоа шестата Дејвис куп титула за Шпанија, еден ден откако таткото на Баутиста Агут почина во нивниот дом во Кастелјон.
Баутиста Агут, во текот на неделата го напушти тимот откако ги играше мечевите во натпреварите по групи, но прво се врати во саботата да биде гледач, за да победи во својот сингл меч во финалето против Канада.
„Имав среќа да бидам присутен во тие последни 10 минути од животот на мојот татко и да се простам од него. Сите правиме лични одлуку, но знам дека татко ми ќе се лутеше да останев дома и да не се вратев да помогнам на екипата“, изјави Баутиста Агут.
Тој додава дека тенисот му помогнал да се справи со трагичниот момент, откако во мај оваа година тој остана без својата мајка.
„Кога ќе доживеете трагедија, најдоброто што можете да го направите е да одите чекор напред. Тоа се обидував да го правам по сите лоши моменти во последните неколку години. Кога се враќав од Кастелјон не размислував дека ќе играм, туку сакав да бидам тука за нив. Кога влеговме во финале, знаев дека морам да играм“, додава Баутиста Агут.