Top Sport

„Бејби Федерер“ го елиминира Федерер

Роџер Федерер го заврши својот настап на годинешното издание на Ју-Ес опен. Швајцарецот по голема борба во пет сета е елиминиран од Бугаринот Григор Димитров.

Димитров кого на почетокот на кариерата го нарекуваа „бејби Федерер“ успеа да го добие фаворизираниот ветеран по 190 минути борба со 3:2 (3/6, 4/6, 3/6, 6/4, 6/2).

Федерер имаше проблем со повредата, тој во паузата помеѓу четвртиот и петтиот сет побарал медицински тајм-аут.

„Откако заврши вториот сет почувствував дека имам добар ритам, сакав да останам во игра. Во четвртиот сет имаше еден долг гем, се обидував само да останам во игра. На крајот, тој не беше 100 отсто здрав. Во пет сета се може да се случи“, рекол Димитров.

Бугарскиот во моментов е 78 на АТП листата, во Њујорк тој шести пат успеа да победи играч што се наоѓа во Топ 10 во светот. Инаку ова е прва победа за Димитров во дуелите со Федерер.

Димитров е најслабо рангираниот тенисер што успеал да стигне во полу-финалето на Ју-Ес опен уште од 1991 година кога во самата завршница влезе Џими Конорс.

Димитров за пласман во финалето ќе игра против Данил Медведев.

Scroll to Top