Top Sport

Динамо Загреб ја запечати јубилејната 20. хрватска титула! (видео)

Динамо Загреб со 1:0 победи на гостувањето кај Славен Белупо во 29. коло на Хрватската прва лига за по 20. пат на шест кола пред крајот на лигата, но без своите верни „Бед блу бојс“, кои не патуваа во Копривница поради тоа што е Велики Петок пред Велигден.

Амер Гојак постигна гол во 48. минута, што беше доволно „модрите“ и математички да избегаат пред второпласираната Ријека. Ненад Бјелица шампионскиот меч го започна без многу стандардни првотимци, вклучувајќи го и капитенот, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Ова е вкупно 30. титула за Динамо во историјата, ако се сметаат десетте титули од поранешна Југославија, по што клубот ќе добие и трета ѕвездичка на својот грб. Сезоната е повеќе од успешна за „модрите“, откако тие стигнаа до осминафиналето на Лига Европа (каде што загубија од Бенфика), и им останува борбата за Купот на Хрватска, каде што играат со Осијек во полуфиналето.

Scroll to Top