Top Sport

Бекер и Лејвер се согласуваат: Во модерниот тенис сè се врти околу парите

Шесткратниот гренд слем шампион, Борис Бекер вели дека во модерниот тенис има преголем фокус на парите, што значи дека спортскиот аспект се става во втор план.

„Мислам дека на јуниорските етурнири има преголем фокус на парите. Ако имате 15 или 16 години и сте еден од најдобрите јуниори на светот, тоа ќе ви донесе договор со ’Адидас’ или ’Најки’. Така ќе ги добие гаранциите за иднината и затоа премногу се фокусира на парите. Во наше време не беше така, ние игравме за да победиме. Сега многу јуниори кои ги гледам сакаат само да стсанат богати. Ние сакавме поени за да бидеме повисоко на рејтинг-листата, и наградните фондови не беа толку важни“, вели Бекер.

Со него се согласува и Род Лејвер, легендарниот австралиски тенисер кој останува единствениот кој освоил календарски гренд слем.

„Структурата на денешниот тенис е луда. Има толку многу пари и тоа ја менува целата игра“, вели Лејвер.

Тројцата најдобри светски тенисери, Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал можат да се пофалат дека се единствените кои заработиле над 100 милиони долари само од наградните фондови, без рекламите – Ѓоковиќ (131.710.082 долари), Федерер (124.301.354 долари) и Надал (109.564.738 долари).

 

Scroll to Top