Прославениот германски тенисер Борис Бекер смета дека има доволно талентирани тенисери што можат да ги наследат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер и дека поради тоа повлекувањето на „големата тројка“ нема да значи и крај за тенисот.
„Секогаш кога завршува една ера на шампионите помислуваме дека тоа ќе биде крајот на тенисот, но секогаш доаѓаат нови генерации“, рекол Бекер и дополнил.
„Бев дел од таква приказна кога не наследија Андре Агаси и Пит Сампрас. Сега сите мислиме дека тенисот ќе престане кога ќе се повлечат Новак, Рафа и Роџер. Сепак имамме фантастични млади играчи, тие во иднина ќе го имаат главниот збор“.
Поранешниот тренер на Ѓоковиќ нема дилема кои тенисери ќе доминираат во иднина.
„Зверев ќе биде на врвот, Медведев, Тим, Циципас…Тука се Шаповалов, Де Минор, Алијасин, да не го заборавиме Ник Кирјос кој има голем потенцијал“, заклучил Бекер.
Новата сезона во тенисот ќе започне на 3 јануари во Австралија со АТП купот.