Top Sport

Белград ќе добие улица со името на Мате Парлов

Белград ќе му оддаде почит на најуспешиот југословенски боксер на сите времиња, носителот на светска титула и олимписки шампион, Мате Парлов, откако Собранието на градот одлучи да именува улица со неговото име додека српската престолнина е домаќин на СП вобокс.

„Важно е низ именувањето на улиците да се чуваат сеќавањата на големите спортисти и луѓе, а боксот е спортот кој го покажува најдоброто во луѓето“, вели претседателката на собранието, Андреа Радуловиќ.

Парлов, кој е роден во Сплит, по крајот на кариерата живееше на Истра, каде што имаше кафеана во која секогаш сите беа добредојдени. Иако Хрват по националност, тој секогаш го искажуваше својот космополитизам велејќи дека „не може да е националист бидејќи е светски шампион“.

Во аматерската кариера тој имаше 310 меча, од кои во само 13 беше поразен, освои злато на ОИ во Минхен во 1972 година, пред во 1974 година да ја почне кариерата. Во 1976 година тој стана ВБЦ светски шампион во полутешка категорија, завршувајќи ја професионалната кариера со 24-2-3 скор. Тој е прогласен за најдобар хрватски спортист во 20. век, откако почина во 2008 година.

Scroll to Top