Top Sport

Белорусинката Тимановскаја доби заштита во Полска – сака да настапува за оваа земја

Многу „прашина“ се крена околу белоруската атлетичарка Кристина Тимановскаја на ОИ во Токио. Таа пред враќањето во татковината реши да побара азил од јапонските власти, а по долги преговори, доби дипломатска заштита од Полска и сега во иднина има намера да настапува за оваа земја.

Таа изјави дека планира да се пријави за спортско државјанство за да може да се натпреварува за Полска.

„Сега ќе се обидеме да го промениме моето спортско државјанство за да можам да се натпреварувам за Полска “ изјави Тимановскаја, пренесува „Ројтерс“.

Вели дека сака да остане во границите на Полска и тука да ја гради својата кариера. Процедурите велат дека може да поминат до 3 години за сето тоа да се официјализира, но Белорусинката се надева дека процедурата би можело да се забрза.

Scroll to Top