Белинда Бенчиќ го освои златниот медал на олимпискиот турнир во Токио. Швајцарката во финалето ја победи Маркета Вондрашува од Чешка со 2.1 (7/5, 2/6, 6/3).
Мечот кој траеше два часа и 28 минути донесе фестивал на брејкови. Пет пати тенисерките ги губеа сервисите во првиот сет, малку поуспешна беше Бенчиќ, која го освои воведниот сет.
Во вториот Швајцарката застана, Вондрушова со два брејка успеа да израмни на 1:1 во сетови.
Во третиот сет повторно пет брејкови, еден повеќе за Бенчиќ, што и овозможи да ја забележи најголемата победа во кариерата.