Французинот Беноа Пер имаше позитивен тест на КОВИД-19 и ќе мора да се повлече од САД опен во понеделник, јавува францускиот спортски весник „Л’Екип“.
Пер, кој беше 17. носител на американскиот гренд слем, требаше да игра со Полјакот Камил Мајхржак во првото коло и е прв тенисер кој е позитивен во „меурот“ во Њујорк, каде што тенисерите и тенисерките настапуваа во изолација на Синсинати опен турнирот.
Пер не го комплетираше првото коло од овој турнир против Борна Чориќ, откако побара лекар во првиот сет, пред се повлече во вториот при 6:0/1:0 негатива.
САД опен ќе се игра без навивачи и во таканаречен „био-безбеден меур“ каде што движењето и активностите на тенисерите и тенисерките ќе бидат внимателно надгледувани.