Top Sport

Беноа Пер со позитивен корона-тест играше во Хамбург

Францускиот тенисер Беноа Пер го заврши настапот на турнирот од серијата 500 во Хамбург. Пер во првото коло му го предаде мечот на Каспер Руд при резултат 4/6, 0/2. Пер немал сила да го заврши мечот против Норвежанецот кој минатата недела играше во полу-финалето на мастерсот во Рим.

Пер има проблеми со коронавирусот уште од Ју-Ес опен, поради што не играше во Њујорк. Она што е интересно е тоа што тој иако имал позитивни тестови добил дозвола за настап на турнирот од лекарите во Хамбург. Единствен тест на кој што бил негативен му бил направен денес.

„АТП треба да ми објасни какви се правилата. Во Париз некои играчи чии тренери беа позитивни не добија дозвола да настапат на Ролан Гарос. Овде во Германија сте позитивни и можете да играте. Можам само да им се заблагодарам на лекарите и на организаторите што ми дозволија да играм“, рекол Пер.

Норваженецот Каспер Руд во второто коло ќе игра против Фабио Фоњини.

 

Scroll to Top