Денот дефинитивно не му беше погоден на Беноа Пер, откако светскиот рекет број 55 од Франција успеа да искрши три рекети при поразо од ветеранот Маркос Багдатис во првото коло на Сити опен во Вашингтон.
Моментот на лудост се случи кога мечот беше речиси готов, односно Багдатис беше на еден гем од 6:3/3:6/6:2 победата. Откако падна на хардкорт подлогата, Пер го скрши својот „Баболат пјур аеро“ рекет (со цена од околу 250 евра) со четири удари пред да го фрли. Кога се врати на клупата, тој шутна уште еден рекет, пред да го тресне од земја.
На крајот, последниот трет рекет заврши неславно кога Багдатис го освои меч-поенот за да биде испратен со свирежи од публиката.
A meltdown of epic proportions from Benoit Paire ??
Full video here https://t.co/Zgz1FTZLie pic.twitter.com/KIStWzrXht
— Emily Benammar (@EmilyBenammar) August 1, 2018