Top Sport

Бертенс спаси меч-топка, па ја стопираше Халеп во Синсинати

Холанѓанката Кики Бертенс ја изненади светската тенисерка број 1, Симона Халеп и во тешка борба во три сета со 2:6/7:6(6)/6:2 ја победи во финалето на Вестерн & Саутерн опен во Синсинати за своја втора титула оваа година.

17-рангираната Бертенс почна многу лошо и го загуби едностраниот прв сет, по што беше пред пораз во тај-брејкот во вториот сет. Потоа, таа ја презеде контролата во третиот сет, користејќи го падот во формата на Халеп, за која ова е втора година едноподруго во која губи во финалето во Синсинати и трета вкупно.

За 26-годишната Бертенс ова е најголема титула во кариерата и до неа стигна сосема заслужено, победувајќи ги Коко Вандервеге, Каролине Вознијацки, Анет Контавеит, Елина Свитолина и Петра Квитова пред мечот со Халеп.

Scroll to Top