Top Sport

Беше „дебелиот шампион“ – сега не е ни едното, но ни другото

Мексиканскиот боксер Енди Руиз кој не се борел уште од 2019 година ја загуби титулата светски шампион само по 6 месеци откако претходно го совлада Британецот Ентони Џошуа.

Познат по големиот стомак, Руиз кој имаше зависност од колачи, тогаш достигна тежина од 130 килограми.

Во април годинава треба да се бори против Крис Ареола. На враќањето во рингот Мексиканецот му пристапил сериозно, па моментно е во зенитот на подготовките.

Тренира со Еди Рејнос, екс-тренерот на Канел Алварез, па видео-снимка покажува дека веќе го нема големиот стомак.

„Ослабна десетина килограми и има многу повеќе мускулна маса. Не е дебел како претходно и тоа му помага при движењето во рингот. Работи многу напорно, промената му помогна. Ве уверувам дека повторно ќе е светски шампион“ рече Рејнос.

Дуелот Руиз – Ареола е закажан за 25. април, но терминот се уште официјално не е потврден.

Scroll to Top