Белоруската тениска сензација, Арина Сабаленка стигна до својата втора титула во низа и трета во 2020, откако со 7:5/6:2 во финалето на Линц опен во Австрија ја совлада Елизе Мертенс, својата долгогодишна партнерка во двојки.
Сабаленка освои две титули на Острава опен во Чешка, во сингл и во двојки, токму со Мертенс, а бидејќи добро се познаваат немаше тајни на терените во Австрија. Ова е вкупно осма ВТА титула во кариерата на 22-годишната Сабаленка, со која првпат ќе влезе во топ 10 на ВТА листата на последниот турнир од тениската сезона.