Top Sport

Без вакцина за ковид-19 ОИ нема да се одржат

Претседателот на Здружението на јапонските лекари Јошитаке Јококура рекол доколку не биде пронајдена вакцина за ковид-19, Јапонија нема да може да ги организира Олимписките игри во 2021 година .

„Со огледа на моменталната ситуација, не верувам дека ќе можеме да ја укинеме вонредната состојба на целатат територија на Јапонија. Јас не можам да одлучам дали Јапонија ќе ги организира Игрите наредната година, но сметам дека тоа ќе биде многу тешко доколку не биде пронајдена вакцина“, изјавил Јококура.

Неколку светски лаборатории работата на пронаоѓањето на вакцината против опасниот вирус. Од ковид-19 во светот починале преку 200.000 луѓе. За да добие вакцината потврда дека е ефикасна потребно е да се спроведат клинички тестирања, што значи дека можат да минат повеќе месеци пред да биде дозволена нејзината употреба, а потоа уште неколку месеци додека таа биде достапна во светот.

Во Јапонија бројот на заразени секојдневно опаѓа, меѓутоа и покрај тоа премиерот Шинзо Абе ја продолжи вонредната ситуација во целата земја до 6 мај.

Јапонија во организацијата на ОИ потрошила повеќе од 13 милијарди долари, а нивното одложување за наредната година ќе значи уште еден финансиски удар за земјата.

Scroll to Top