Тренерот на клупа на безбол тимот Оукленд атлетикс, Рајан Кристерсон се извини за нацистичкиот поздрав кој го даде на меч со Тексас ренџерс, тврдејќи дека само се обидувал да се поздрави со лактот со своите играчи.
Кристенсон стана „хит“ на Интернет по видеото во кое тој го прави поздравот до играчот Лајам Хендрикс по 6:4 победата над Тексас, по што Хендрикс му ја спушти раката и му покажа како треба да се поздрави, а тренерот потоа уште еднаш го направи потегот.
„Направив грешка и нема да го демантирам тоа. Мојот гест ненамерно се прикажа како расистички и нацистички поздрав. Длабоко се извинувам“, изјави Кристенсон.
We take this time to introduce you to Oakland A’s bench coach Ryan Christenson … who likely saw his last day on an MLB field
W … T … F?!?! (@1053TheFan @1053SS @RJChoppy) pic.twitter.com/RlNbeRgjeo
— T̷R̷O̷Y̷ ̷H̷U̷G̷H̷E̷S̷ (@TommySledge) August 7, 2020